If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ЗА „БОРОВ ДОЛ“
13919
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13919,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ЗА „БОРОВ ДОЛ“

Дата

March 15, 2018

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1- Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет „Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче.

Врз основа на член 35 став (3) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16 и 163/16), Министерот за транспорт и врски го дава следното:

 

                  СООПШТЕНИЕ

За организирање на јавна презентација и јавна анкета по Државна урбанистичка планска документација за определување на градежна парцела со намена Г1-Тешка индустрија за експлоатација на минерална суровина бакар на локалитет „Боров Дол“, Општина Штип, Општина Радовиш и Општина Конче.

 

Површината на планскиот опфат на Државната урбанистичка планска документација изнесува 472,38 ха и истиот се наоѓа во ридско-планински терен со надморски висини кои се движат од 450-730м, североисточно од село Дамјан на оддалеченост од околу 700м, на југоисток од селото Горна Враштица на оддалеченост од околу 300м, на југ од езерото Мантово на оддалеченост од 450м и на запад од селото Брест на оддалеченост од 200м.

Јавната презентација и јавната анкета по Државната урбанистичка планска документација ќе се спроведе со излагање на планската документација во просториите на општините Конче, Штип и Радовиш, а исто така планската документација е достапна и во информацискиот систем е-урбанизам.
Јавната анкета ќе трае 5 работни дена односно од 15-03- 2018 година до 22-03-2018 година. Соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета е објавено во јавните гласила и во информацискиот систем е-урбанизам.

 

Во споменатиот рок, заинтересираните правни и физички лица од подрачјето опфатено со планската документација можат да доставуваат забелешки и предлози на анкетни листови, во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма Јавната презентација со стручно презентирање на планската документација ќе се одржи на ден 15-03- 2018 година (четврток) во 11,00 часот во просториите на општина Конче, на ден 16-03- 2018 година (петок) во 11,00 часот во просториите на општина Штип и на ден 19-03- 2018 година (понеделник) во 11,00 часот во просториите на општина Радовиш.

 

Министер за транспорт и врски
Горан Сугарески