„ПРОТИВ ПОЖАРНАТА ЕДИНИЦА РАДОВИШ“ ПРОДОЛЖУВА СО РЕДОВНИ ТАКТИЧКИ ВЕЖБИ
Дата
April 24, 2018
Категорија
ВестиТериторијалната против пожарна единица Радовиш продолжува со изведување на редовните тактички вежби, кои се со цел за кондициона подготвеност на пожарникарите и одржување на опремата во исправна состојба.
Со вежбите се опфатени сите активности кои треба да ги совладува секој пожарникар, а се изведуват за време на работното време во времетрање од два работни часа. Редовните рактички вежби се предвидени со закон, а се користи целокупната опрема со кој располага оваа единица (Изолациони апарати, РТЦ опрема, скали и др.)
Од ТППЕ Радовиш упатуваат апел до граѓаните да не стане недоразбрирање и немир за време на овие активности бидејки се само тактички вежби.