УВИД НА ЧИСТЕЊЕТО НА РЕЧНОТО КОРИСТО НА РЕКА СТУПНИЦА ВО ПОДАРЕШ
Дата
December 09, 2021
Категорија
Вести, Тековни ПроектиПродолжуваме со одговорна реализaција на она што го ветивме во нашата програма и директно ги решаваме напластените проблеми на граѓаните.
Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов направи увид на чистењето на речното користо на река Ступница во Подареш.
Со помош на техничката механизација на ЈП Плаваја, ќе биде исчистен вишокот на наноси кои го попречуваат нормалниот тек на водата а со тоа се намалува и опасноста од излевање од речното корито.