УСПЕШНО СПРОВЕДЕНА АКЦИЈАТА „ДЕН НА ДРВОТО“ ЗАСАДИ УСПЕХ!
Дата
December 02, 2015
Категорија
ВестиВо Радовиш денес беше успешно спроведена 16-та по ред акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ каде што со организиран превоз сите заинтересирани граѓани од општина Радовиш имаа можност да бидат дел од оваа национална акција за пошумување.
Се засадуваше во место викано Трска (патот за рудникот Бучим) каде што е предвидено да се засадат 88 илјади садници (багрем, чемпрес, јасен и јавор). Поволните временски услови денес придонесоа сите масовно да излезат и учествуваат во акцијата -учениците од основните и средното училишта, бројни граѓани, и сите вработени во јавните институциите во општина Радовиш.
Градоначалникот Сашко Николов истакна дека и оваа акција е од огромно значање за граѓаните и животната средина, која во континиутет се организира веќе неколку години, придонесува за зачувување на природата и справување со климатските промени, кои не ја надминуват и општина Радовиш, радува тоа што граѓаните и самоиницијативно се организираат и даваат масовна поддршка на оваа национална акција.
Како дел од денешната акција беше и Енвер Хусеин Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Пратеничката Нада Ципушева и Никола Миовски Претседателот на Советот на општина Радовиш.
Под мотото „Засади успех“ денеска на повеќе од 100 локации на целата територијата на Република Македонија се одржа 16-та акција Ден на дрвото-засадија својата иднина“ на која ќе се засадат три милиона дрвца на 930 хектари земјиште.