УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНАТА
Дата
April 05, 2017
Категорија
ВестиВо посета на општина Радовиш денес беа учениците од 4-то одделение од Основното училиште „Крсте П. Мисирков“.
Овие дечиња заедно со своите наставници беа примени од страна на Градоначалникот Сашко Николов, а со нивните директни разговори и прашања до градоначалникот Николов одблизу се запознаа со институцијата градоначалник и општина.
Во учебната програма за општествено образование ова тема „Мојата општина“ е вклучена и учениците се запознаваат и учат за надлежностите и функционирањето на општината.