УЧИЛИШЕН НАУЧЕН САЕМ 2018
Дата
May 08, 2018
Категорија
Вести, КултураИ оваа година општината Радовиш, во соработка СО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ од општина Радовиш, на 5 Мај, оваа година, со почеток од 10, 30 часот го одржаа веќе традиционалниот УЧИЛИШЕН НАУЧЕН САЕМ.
Саемот се одржa во Училишниот двор на СОУ Коста Сусинов, како и во СОУ Коста Сусинов каде што на полуматурантите од сите општински основни училишта им беа презентирани наставните програми на СОУ Коста Сусинов.
На саемот учествуваа сите 5 основни училишта од Радовиш и средното училиште Коста Сусинов. Училиштата на своите штандови ги изложија сите свои поважни проекти коишто ги реализирале во тековната учебна година.
Дворот на средното училиште во сабота беше преполн како кошница полна со прекрасните макети на учениците помежу кои доминираа куќите на иднината и еко системите, хемиските и физичките експерименти, прекрасните етно елемнети, електро системите, филиграните, накитот, еколошките пораки, ликовните дела и уште многу други саемски експонати во духот на науката и уметноста.
Како гости на саемот учествуваа и учениците од општина Конче.
Саемот свечено беше отворен од страна на секретарот на општина Радовиш – Драги Стојанов, а свеченото отворање беше збогатено со две кореографии од реномираното балетско студио „Газели„ Радовиш.
Покрај штандовското саемско изложување, училиштата се преставија и со културно-уметнички точки, како и со прeзентација на личната карта на училиштето.
Во исто време, додека се одржуваше саемот, во просториите на СОУ Коста Сусинов се одржа и Отворен училишен ден, при што, во повеќе кабинети беа преставени наставните програми и сите можности со кои располага средното училиште за прифаќање на сите полуматуранти , коишто ќе се запишуваат во средно образование. За таа цел беа направени повеќе кабинетски и научно – саемски презентации поради што со посебна покана за посета на саемот беа поканети и сите завршени полуматуранти во општина Радовиш.
На крајот од саемот, по одлуката на стручна комисија составена со преставници од општината и наставници, беа доделени четири специјално дизајнирани пехари, кои ги обеабеди градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов како генерален покровител на УЧИЛИШНИОТ НАУЧЕН САЕМ 2018
Во име на градоначалникот Герасим Конзулов, пехарите ги додели координаторот на саемот – Борче Панов, советник за образование во општина Радовиш и тоа на:
- СОУ Коста Сусинов за Најдобро саемско преставување,
- ООУ Крсте Петков Мисирков за Најдобар проект, макета – Куќа на иднината
- ООУ Никола Карев, Гаврилова Анастасија за Најдобра ликовна творба и
- ООУ Коста Рацин Подареш за Најдобра музичка точка ж.