УШТЕ ЕДНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА СО ПОДДРШКА НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Категорија
ВестиОпштина Радовиш активно се вклучува во акцијата за донирање и помош на најранливи категории на граѓани кои се најмногу на удар и се најзагрозени во овој период на поларни температури кој во изминатите денови ја зафати нашата земја.
Имено покрај донираните пакети со храна и хигиенски средства, општината донираше и огревно дрво, а во соработка со ОО „Црвен Крст“-Радовиш и ТППЕ Радовиш истото е дистрибуирано до оние семејства и граѓани на кои им е најпотребно.