ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ВО ДОНИРАЊЕ ПРЕХРАМБЕНИ ПАКЕТИ НА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ
Дата
January 06, 2015
Категорија
Вести, Тековни ПроектиПодготвувајки се за празникот на љубовта и мирот, денот кога се слави Христовото раѓање, каде што овој голем христијански празник е можност да се собере семејството, да се обноват старите пријателства и луѓето да се потсетат на вистинските вредности.
По тој повод Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов во соработка со невладиниот сектор ЗГ “Развој-Иднина“ и компаниите, организираше хуманитарна акција во делење на 80 прехрамбени пакети на социјално загрозените семејства во општина Радовиш.
Со оваа мало внимание укажуваме дека социјалните категории не се заборавени од општеството и искрено се надевам дека нивната материјална состојба ќе се подобри, овие фамилии заслужуваат ваква помош и внимание и се надеваме дека ке помогнеме да и тие го почувствуваат празничниот амбиент – истакна Градоначалникот на општина Радовиш, Сашко Николов, кој воедно им ги честиташе престојните Божиќни празници.
Голема благодарност до компаниите кои ја потпомогнаа акцијата: “Маком Треф Плус“, “Бест фуд“, “Млекара Ѓоргиеви“, “Кам маркет“, “Пакет маркети“, “Конкорд“, “Фото Са-ра“, “Јока“, “Кожувчанка“, “ГП Техника“, “ГП Бино“,“ГП Градба-Т“ , “Геом-компани“, “Геодет-Драги“ и “Фунги флора“.