ЧЕСТИТКИ ПО ПОВОД ИЛИНДЕН ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛОВ
Илинденското востание и десетдневната Крушевска република се одраз на решеноста на македонскиот народ за самостоен политички живот и своја татковина.
Токму на 2. Август 1944 година се одржа првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – двата Илиндена, од 1944 и 1903 година се симбол на победата и македонскиот непокор, преку кој македонскиот народ денес живее во самостојна и суверена Република Македонија.
На сите граѓани од општина Радовиш, на сите македонци им го честитам големиот национален празник – Илинден.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕКОВИТ ИЛИНДЕН !
Да ни е вечна Македонија !
Сашко Николов
Дата
August 01, 2016