ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА РАДОВИШКА РЕКА
Дата
June 04, 2018
Категорија
ВестиСогласно планот за одржување на речното корито на реките во урбан опфат, Општина Радовиш денес започна со активности за превентивно чистење на Радовишка река од вегетацијата, таложење на наносен материјал и шут во речното корито.
Со чистењето се овозможува поголем проток на вода во речното корито и заштита од поплавување во случај на екстермни временски услови.
Планираните активности ќе продолжат и во наредните денови.