ЧЛЕНОВИТЕ ОД БОДИБИЛДИНГ КЛУБОТ “МУСКУЛНА УМЕТНОСТ“ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ САШКО НИКОЛОВ
Дата
September 23, 2014
Категорија
Вести, СпортГрадоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов денес оствари средба со членовите од Бодибилдинг и фитнес клубот “Мускулна уметност” од Радовиш, кои учествуваа на државното првенство минатиот викенд во Неготино.
На оваа државно првенство кое беше во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија учествуваа 50 натпреварувачи во 4 категории, а исто така имаше и категории за жени.
Членовите на нашиот Бодибилдинг и фитнес клуб “Мускулна уметност” од Радовиш постигнаа извореден успех во отценувањето: Во “Лесна категорија” 2-ро место освои Иле Марков, во категоријата “Атлета на Македонија” Роберт Гонев исто така го освои 2-то место, а во категоријата “Ветерани” Крсте Тарабунов беше шампион и го освои 1-то место.
Градначалникот Сашко Николов им ги честиташе освоените признанија и им посака што повеќе успеси во наредните претставувања на државно и меѓународно ниво, искажувајки им поддршка за успешно работење и функционирање на овој наш Бодибилдинг и фитнес клуб.