ЧЛЕНОВИТЕ ОД КЛУБОТ “MUAY THAI COMBAT” НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НИКОЛОВ
Дата
December 22, 2014
Категорија
ВестиГрадоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов денес оствари средба со членовите од клубот за тајландски бокс “Muay Thai Combat“ од Радовиш.
На оваа средба Градоначалникот Николов од страна на членовите на овој клуб беше запознаен со успесите кои ги постигнаа овие наши борци во домашните и интернационалните натпревари на кој учествуваа.
Од страна на Градоначалникот Сашко Николов тие добија ветување дека секогаш ќе ја имаат подршката негова и од општина Радовиш, тој им се заблагодари што достојно ја претставуваат општина Радовиш и Република Македонија преку овој спорт.
Во разговорот тие дојдоа до заклучок дека Радовиш заслужува и треба во наредниот период да биде домаќин на еден ваков интернационален турнир во тајландски бокс.