Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | Јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2021 год.
17809
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17809,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

Јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2021 год.

Дата

February 05, 2021

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Службен гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно донесената годишна Програма за јавните потреби на спортот во општина Радовиш за 2021 бр.08-21/2 од 05.01.2021 год. и донесениот Буџет за 2021 година, од страна на Советот на општина Радовиш, општина Радовиш на ден 05.02.2021 год. објавува :

 

JАВЕН КОНКУРС

за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2021 год.

 

  1. Се распишува јавен конкурс за распределба на средства на спортските клубови, здруженија и сојузи од Буџетот на општина Радовиш за 2021 година ;
  2. Потребни документи за поднесување се :

– Програма за работа со финансиски план за 2021 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш

во текот на 2020 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра);

Забелешка: Спортските клубови и здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра дополнително да достават копија од завршна сметка (до крај на м. Март 2021 г.)

– Решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или Потврда од федерација (копија);

– Копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М.;

– Потврда за отворена и активна жиро сметка.

 

 

  • Период за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 17.02.2021 год.

 

  1. Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен конкурс бр.

 

 

Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.