If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ОГЛАС ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА
14711
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14711,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ОГЛАС ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА

Дата

July 31, 2018

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

                         Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Грижата за најмилите наша најголема придобивка“ за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци/9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од (6 шест) месеци/9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари месечно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– Самохрани родители

– Родители на деца со пречки во развојот

– Родители на три и повеќе деца

– долгорочно и краткорочно невработени лица

– невработени лица со високо образовани стручни лица од природните, општествените и хуманистичките науки

– Мади лица до 29 години

– Лица постари од 50 години

-Лица корисници на социјална помош или на паричен надоместок пооснов на неввработеност

– Лица кој имале статус на деца без родители и родителска грижа

-Инвалидни лица

– Жени припадници на помали те етнички заедница

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

-посета на стари и изнемоштени лица во општина Радовиш

– работа со лицата со интелектуална попреченост

– работа со децата со потешкотии во образовниот процес и нивна

социјализација.

-Работа и придружба на инвалидни лица

 

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработувањеРадовиш  во периодот од 01.08.2018-година до 14.08.2018 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиш и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш-  кај лицето Офелија Илиева ,  Центар за социјлна работа Радовишкај лицето Нина Иванова

 

Градоначалник

Герасим Конзулов