ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 10 РАБОТНИЦИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ ВО РОК ОД 11 МЕСЕЦИ
Дата
January 22, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 10 работници за изведување на јавни работи во рок од 11 месеци.
Услови за пријавување:
а) долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско квалификувани невработени лица
в) лица над 55 години
- за лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани е предвидена финансиска подршка во износ од 7.200,оо денари месечно (во кои е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) по едно ангажирано невработено лице месечно.
- За време на јавните работи ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
- Пријавувањето ќе се врши во просториите на Општина Радовиш во Архива од 22.01.2021 а најдоцна до 201.2021 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
- Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на Општина Радовиш во Архива од 22.01.2021 а најдоцна до 201.2021 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
- Со секое од избраните лица, по извршениот избор, Општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 11 месеци и тоа од 01.02.2021год. до 31.12.2021 год.
Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:
- Одржување на градските и руралните паркови;
- Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;
- Одржување и чистење на радовишка река;
- Зелените површини покрај стамбените згради;
- Зелените површини на бул.Александар Македонски;
- Чистење на локалните патишта и улици (на ниво на општина);
- Чистење на канафки и канали (на ниво на општина);
- Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација (на ниво на општина);
Комисија за јавни работи