If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 15 работници за изведување на јавни работи во рок од 4 месеци
14522
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14522,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ОГЛАС за ангажирање на 15 работници за изведување на јавни работи во рок од 4 месеци

Дата

June 18, 2018

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на Програмата за јавни работи 2018-2021 година на Општина Радовиш, Одлуката за усвојување на Акциониот план за јавни работи на Општина Радовиш за 2018 година бр. 08-967/1 од 28.05.2018 година, Решение за назначување на Комисија за спроведување и мониторинг на јавен оглас за ангажирање на 15 работници  за изведување на јавни работи во рок од 4 месеци бр: 09-1037/1 од 14.06.2018 год. Решение за објавување на јавен оглас за ангажирање на 15 работници за изведување на јавни работи во рок од 4 месеци на Општина Радовиш број: 09-1037/2 од 14.06.2018, на ден 18.06.2018 година, објавува:

 

 

                           ЈАВЕН ОГЛАС

за ангажирање на 15 работници за изведување на јавни работи во рок од 4 месеци.

 

Услови за пријавување:

а) долгорочно евидентирани невработени лица

б) ниско квалификувани невработени лица

в) лица над 55 години

 

  • за лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани е предвидена финансиска подршка во износ од 7.200,оо денари месечно (во кои е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) по едно ангажирано невработено лице месечно.
  • За време на јавните работи ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
  • Пријавувањето ќе се врши во просториите на Општина Радовиш во Архива од 18.06.2018 а најдоцна до 25.06.2018 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
  • Заинтересираните лица можат да подигнат формулар за пријавување во просториите на Општина Радовиш во Архива од 18.06.2018, а најдоцна до 25.06.2018 година, секој работен ден од 7,30 часот до 15,30 часот.
  • Со секое од избраните лица, по извршениот избор, Општина Радовиш ќе склучи посебен договор во времетраење од 02.07.2018 год. до 31.10.2018 год.

 

Избраните лица ќе работат на следните работни задачи:

  • Одржување на градските и руралните паркови;
  • Одржување и чистење на објектите и нивната околина кои се во сопственост на ЕЛС Општина Радовиш;
  • Одржување и чистење на радовишка река;
  • Зелените површини покрај стамбените згради;
  • Зелените површини на бул.Александар Македонски;
  • Чистење на локалните патишта и улици (на ниво на општина);
  • Чистење на канафки и канали (на ниво на општина);
  • Обележување на локалните патишта и улици со хоризонтална и вертикална сигнализација (на ниво на општина);

pdf-icon  ЈАВЕН ОГЛАС