ЈАВЕН ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 9 РАБОТНИЦИ ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ ВО РОК ОД 3 МЕСЕЦИ
Дата
October 29, 2018
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на Програмата за јавни работи 2018-2021 година на Општина Радовиш, Одлуката за усвојување на општинската програма бр: 08-967/1 од 28 мај 2018 год. , Акциониот план за јавни работи на Општина Радовиш за 2018 година бр. 08-968/1 од 01.06.2018 година и Одлука за објавување на јавен оглас за искористување на неискористени финансиски средства број: 09-1037/32 од 24.10.2018 год., Градоначалникот на Општина Радовиш донесува:
РЕШЕНИЕ ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на 9 работници за изведување на јавни работи во рок од 3 месеци од Општина Радовиш во согласност со програмските документи на општината, финансирани од буџетот на Општина Радовиш за 2018 година од дата 01.11.2018 год. до дата 31.01.2019 год.
- Услови за пријавување на јавниот оглас:
а) долгорочно евидентирани невработени лица
б) ниско квалификувани невработени лица
в) лица над 55 години
- за лицата кои ќе бидат избрани и ангажирани е предвидена финансиска подршка во износ од 7.200,оо денари месечно (во кои е вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување) по едно ангажирано невработено лице месечно.
- За време на јавните работи ангажираните невработени лица не ги губат правата по основ на невработеност.
- Пријавувањето ќе се врши во просториите на Општина Радовиш од 25.10.2018, а најдоцна до 30.10.2018 година, секој ден од 7,30 часот до 15,30 часот.