If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ, СПОРТСКА ЕКИПА И ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОД. КАКО И ЗА СПОРТСКИ РАБОТНИК ЗА ПОВЕЌЕГОДИШНА РАБОТА
17231
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17231,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА СПОРТИСТ, СПОРТСКА ЕКИПА И ТРЕНЕР ЗА 2019 ГОД. КАКО И ЗА СПОРТСКИ РАБОТНИК ЗА ПОВЕЌЕГОДИШНА РАБОТА

Дата

January 08, 2020

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија, Спорт

Врз основа на член 34 од Статутот на општина Радовиш (Сл.гласник на општина Радовиш бр. 05/02), како и врз основа Правилникот за критериуми за избор на најуспешни спортисти, спортски екипи и спортски работници бр.08-348/1 од 11.02.2015 год., Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш на ден 08.01.2020 год. објавува :

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за предлагање на кандидати за избор на спортист, спортска екипа и тренер за 2019 год.

како и за спортски работник за повеќегодишна работа

 

  1. Комисијата за култура, образование и спорт ги повикува сите спортисти и спортски екипи од општина Радовиш, кои имаат остварено спортски успеси во текот на 2019 година, да пријават кандидати на Јавниот оглас.
  2. Пријавата треба да биде потпишана и заверена од страна на овластеното лице на спортскиот клуб или здружението кое го пријавува спортистот, спортската екипа, тренерот или спортскиот работник.

Во пријавата треба да бидат наведени постигнатите резултати во поединечна или во екипна конкуренција во 2019-та година, а во прилог да бидат приложени докази за истите  (копија од диплома, фотографија, извештај од федерација и сл.).

  1. Рокот за доставување на пријавите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на Јавниот оглас, заклучно со 21.01.2020 год.
  2. Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Комисија за култура, образование и спорт

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

Или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За избор на спортист на годината

 

Kомисија за култура, образование и спорт

Претседател : Ристо Спасов