Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ОГЛАС до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа
11823
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-11823,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ОГЛАС до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско-корисна работа

Дата

August 08, 2016

Категорија

Известување, Соопштенија

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за врабоитување на РМ (АВРМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Радовиш Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016, Програмата Општинско – корисна работа, општина Радовиш и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 08.08.2016 година објавуваат:

                                Ј  А  В  Е  Н     О  Г  Л  А  С

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Хуманоста наш предизвик” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 6 (шест) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6 (шест) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

pdf_icon_50   ЈАВЕН ОГЛАС  (превземи)