Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА
17619
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17619,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА

Дата

August 20, 2020

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина РадовишОперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа, финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата „Општинско-корисна работа“, проект  “Еднаков пристап за социјални услуги и грижа за сите ”  за работно ангажирање со скратено работно време за период од

 

·        6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);

·        7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и

·        9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

 

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

·        6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)

·        7 (седум)  месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и

·        9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

 

статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

– млади лица до 29 години

– лица постари од 50 години

– лица корисници на гарантирана минимална помош

лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

       – лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

       – жртви на семејно насилство

-лица со попреченост

     -жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките   заедници

     -лица припадници на ромската етничка заедница

     -лица на кои им е решен статусот со лична документација

    -самохрани родители

    -родители на деца со пречки во развојот

     -родители на 3 и повеќе деца

    – родители на деца на улица

     -осудени лица по отпуштање од казнено поправна установа

    -бездомни лица

   -поранешни корисници на дрога

     -лица со незавршено средно или пониско образование

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

7 соработници за посета на стари лица (во период од 6- 7 месеци)

2 лични асистенти (во период од 9 месеци)

4 образовни асистенти (во период од 9 месеци )

 

Заинтересираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш- во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиш  и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш  кај лицето Офелија Илиева,  Центар за социјална работа Радовиш кај лицето Драги Димитриев

 

 

 

 

 

 

Градоначалник

Герасим Конзулов