If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА САМУН ЕМ ТАТЛИЈА
14528
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14528,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА САМУН ЕМ ТАТЛИЈА

Дата

June 18, 2018

Категорија

Вести, Известување, Култура, Соопштенија

Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), Градоначалникот на општина Радовиш објавува,

 

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА

 

I. Согласно донесената Годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1704/2 од 22.12.2017 год., каде е предвидено оддржување на манифестацијата САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2018, како и врз основа на донесената Одлука на Советот на општина Радовиш 08-789/1 од 09.05.2018 год. за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш каде за реализација на оваа манифестација е предвидена поддршка од 1,500,000 денари, Градоначалникот на општина Радовиш го распишува овој Јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА 2018 во Радовиш.

 

  1. Предлог-програмите треба да бидат комплетни со сите податоци (период и локација на оддржување, предлог музичко-сценска програма, начин на организација на гастрономскиот дел со угостителски објекти, маркетинг-план, финансиска конструкција и сл.)

 

III. Заинтересираните правни лица (непрофитни организации, здруженија на граѓани) предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака за Јавен повик за предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА.

 

Покрај предлог-програмата, задолжително треба да ги достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М. не постара од 6 месеци.

 

 

Јавниот повик се објавува на 18.06.2017 година и ќе трае 5 работни дена заклучно со 22.06.2018 година.

Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

 

pdf-icon  ЈАВЕН ПОВИК