ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ТРАДИЦИОНАЛНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА СВ.СПАСО РАДОВИШКИ
Дата
June 19, 2018
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), Градоначалникот на општина Радовиш објавува,
I.Согласно донесената Годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1704/2 од 22.12.2017 год., каде е предвидено оддржување на манифестацијата СВ.СПАСО РАДОВИШКИ 2018, како и врз основа на донесената Одлука на Советот на општина Радовиш 08-789/1 од 09.05.2018 год. за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш каде за реализација на оваа манифестација е предвидена поддршка од 500,000 денари, Градоначалникот на општина Радовиш го распишува овој Јавен повик за доставување на предлог-програми со комплетна финанскиска конструкција за реализација на традиционалната манифестација СВ.СПАСО РАДОВИШКИ 2018 во Радовиш.
- Предлог-програмите треба да бидат комплетни со сите податоци (период и локации на настаните на оддржување, организација на црковно-духовен дел, предлог културно-забавна програма, маркетинг-план, комплетна финансиска конструкција и сл.)
III. Заинтересираните правни лица (здруженија на граѓани, непрофитни организации) предлог-програмите треба да ги достават до општина Радовиш, преку пошта на адреса: бул. Александар Македонски бр.7, Радовиш, или во архивата на општина Радовиш, со назнака за Јавен повик за предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација СВ.СПАСО РАДОВИШКИ 2018.
Покрај предлог-програмата, задолжително треба да ги достават и Тековна состојба издадена од Централен регистар на Р.М., не постара од 6 месеци.
Јавниот повик се објавува на 19.06.2017 год., трае 4 работни дена заклучно со 22.06.2018 год.
Напомена: Нeкомплетните предлог-програми и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.