ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА ЗДРУЖЕНИЈА ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА И ГРАЃАНСКИОТ СЕКТОР ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2018 ГОДИНА
Дата
March 07, 2018
Категорија
Вести, Известување, Култура, СоопштенијаВрз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Сл. гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно годишните Програми за активности од областа на културата во општина Радовиш бр.08-1704/2 од 22.12.2017 год. и Програмата за Одделението за Локален економски развој бр. 08-1695/2 од 22.12.2017 год., општина Радовиш на ден 06.03.2018 год. објавува :
JАВЕН ПОВИК
за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од областа на културата и граѓанскиот сектор од општина Радовиш за 2018 год.
- Се распишува јавен повик за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од општина Радовиш за 2018 година ;
Потребни документи за поднесување се:
– Програма за работа со финансиски план за 2018 година (усвоен од Управен одбор) ;
– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш
во текот на 2017 година (усвоен од Управен одбор) ;
– Копија од завршна сметка (доколку год.приход е поголем од 2,500 евра),
или Одлука од Цент.регистар на Р.М. (доколку год.приход е помал од 2,500 евра) ;
– Преглед на проекти реализирани во текот на 2017 год.;
– Тековна состојба од Цент.регистар на Р.М. (не постара од 6 месеци) ;
– Потврда за отворена и активна жиро сметка.
Период за доставување на документите е 7(седум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас, заклучно со 16.03.2018 год.
Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За јавен повик бр. 09-469/1
Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.