ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ
Дата
May 11, 2022
Категорија
Вести, Известување, Соопштенија
Врз основа на член 17 и 18 од Законот за младинско учество и младински политики („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 10/20), член 5 од Одлуката за измени и дополнувања на Статутарната одлука за основање на Локален младински совет бр. 08-826/1 од 31.05.2021 година („Службен гласник“ бр. 7/2021) и Одлуката за распишување на Јавен повик за формирање на Локален младински совет бр. 09-891/10 од 26.07.2021 година, Општина Радовишповторно распишува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на членови за формирање на Локален младински совет
- Опис на јавниот повик: Локалното Собрание на млади на Општина Радовиш повторно распишува Јавен повик за членство во Локалниот младински совет на Општина Радовиш.
Јавниот повик се објавува на веб-страницата на Општина Радовиш, во локалните медиуми, на социјалните мрежи и на други јавни места.
- Право на учество: Јавниот повик е упатен до формите на организирање и здружување кои ги предвидува Законот за младинско учество и младински политики, а тоа се: младинските организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување, кои не мора да бидат регистрирани во општината, но мора да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.
- Потребни документи: Младинските организации заинтересирани да аплицираат треба да ги достават и следните документи:
- Портфолио на организацијата/групата/здружението
- Годишна програма за работа на организацијата/групата/здружението
- Извештај за работата на младинската организација / здружението за изминатата година или друг документ во кои се наведени реализирани активности со млади, младински политики и иницијативи на подрачјето на Општина Радовиш,
- Писмо со номинација за член/членови на локалниот младински совет и контакт информации за истите
- Кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член и кратка биографија.
- Начин на поднесување на документите, рок и место: Сите заинтересирани младински организации кои ги исполнуваат условите наведени во овој Повик, можат да ја поднесат потребната документација, секој работен ден од07:30-15:30 часот до крајниот рок за поднесување на пријави:
- во архивата на Општина Радовиш на адреса Бул. „Александар Македонски“ бр. 7
Писмената документацијата се поднесува во затворен плик означен со ознака: „За јавен повик за член на„Локален младински совет“.
- Период на траење на јавниот повик: Јавниот повик трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето на веб страната на Општина Радовиш, односно од 11.2022 година до 20.05.2022 година (краен рок)
- Дополнителни информации: Дополнителни информации може да добиете на тел. 078 248 110,hadjivasilev@radovis.gov.mk, лице за контакт Душан Хаџи-Василев.