If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ
18209
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-18209,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ ЗА МЛАДИ

Дата

June 29, 2021

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 17 став 2 од Закон за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020), и член 5 од Одлуката за пристапување кон измени и дополнувања на Статутарна одлука за основање Совет на млади бр.08-826/1 од 31.05.2021 год., иницијативниот одбор распишува,

 

Јавен повик за Локално собрание за млади

 

I.Иницијативниот одбор (за формирање Локален младински совет при Општина Радовиш распишува јавен повик за членство во Локалното собрание на млади

 

Повикот е отворен за сите младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои ќе ги исполнат следните критериуми:

-Да имаат активности на територијата на Општина Радовиш.

-Да  се  основани  и  активни  најмалку  една  година  пред  отворањето  на  овој  повик.

-Делегатот/ката и заменик-делегатот/ката да се жители на Општина Радовиш и да се на возраст од 15 до 29 години

 

Пријавување: Сите заинтересирани организации кои ги исполнуваат критериумите потребно е да ги достават документите на имејл: radovis@radovis.gov.mk  или да ги поднесат во архивата на Општина Радовиш на адреса: Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш со ознака
Апликација за членство во Собранието на  млади.

 

Потребни документи за поднесување се:

1.Портфолио на  организацијата/групата/здружението;

2.Мотивациско писмо за учество  во  Локалното  собрание  на  млади, но  не  повеќе од 1 страница

3.Годишен извештај за работата од претходната година со кој се потврдува дека организацијата била активна изминатата година со активности спроведени за или од млади во Општина Радовиш

4.Номинација на делегат/ка и заменик-делегат/ка со контакт-детали за претставниците.

 

Рокот за пријавување  е од 29.06.2021 год. до 08.07.2021 год

 

Апликациите ќе бидат разгледувани од страна на Иницијативниот одбор за формирање Локално собрание на млади со цел избор на Локалниот младински совет при Општина Радовиш.

 

За повеќе информации околку повикот може да се обратите на следните контакти:

Душан Хаџи-Василев, 078 248 110 hadjivasilev@radovis.gov.mk

.

 

                                               

29.06.2021 год.

 

Иницијативен одбор за формирање Локално собрание на млади