If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СОЈУЗИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2018 ГОДИНА
13878
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-13878,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА СПОРТСКИ КЛУБОВИ, ЗДРУЖЕНИЈА И СОЈУЗИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА 2018 ГОДИНА

Дата

March 07, 2018

Категорија

Известување, Соопштенија, Спорт

Врз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Службен гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно донесената годишна Програма за јавните потреби на спортот во општина Радовиш бр.08-1703/2 од 22.12.2017 год., општина Радовиш на ден 06.03.2018 год. објавува :

 

                             JАВЕН ПОВИК

за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2018 год.

 

  1. Се распишува јавен повик за распределба на средства на спортските клубови од Буџетот на општина Радовиш за 2018 година ;

 

Потребни документи за поднесување се :

– Програма за работа на спортскиот клуб (здружението) за 2018 година ;

– Финансиски план за работа за 2018 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш

во текот на 2017 година (усвоен од Управен одбор) ;

– Копија од завршна сметка (доколку год. приход е поголем од 2,500 евра),

или Одлука од Цент.регистар на Р.М. (доколку год. приход е помал од 2,500 евра) ;

– Копија од решение од АМС за дејност спорт (доколку има) или

Потврда од Федерација дека се натпреварува во организиран систем на натпревари ;

– Тековна состојба од Цент. регистар на Р.М. (не постара од 6 месеци) ;

– Потврда за отворена и активна жиро сметка.

  • Период за доставување на документите е 7(седум) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас, заклучно со 16.03.2018 год.

 

 

Пријавите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен повик бр. 09-468/1

 

 

Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.