If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ
18187
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-18187,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛНО СОБРАНИЕ НА МЛАДИ

Дата

June 10, 2021

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на член 17 од Закон за младинско учество и младински политики (Службен весник на РСМ бр. 10/2020), и член 5 од Одлуката за пристапување кон измени и дополнувања на Статутарна одлука за основање Совет на млади бр.08-826/1 од 31.05.2021 год., општина Радовиш распишува,

 

 

Јавен повик за формирање на Иницијативен одбор за формирање на Локално собрание на млади

 

I.Иницијативниот одбор (ИО) е неформална група која има цел да се консултираат младите и да се застапат нивните интереси во креирањето на Локалниот младински совет (ЛМС).

Бројот на членови во Иницијативниот одбор е пет и единствено тие членови имаат улога да го формираат Локалното собрание за млади. Времетрањето на ИО е краткорочно и завршува со свикување на првото Локално собрание на млади.

Општината е задолжена за нивна селекција и работата на истото се координира и помага од службеникот/ката за млади во Општината.

 

 

Улога и задачи на Иницијативниот одбор:

-Поддршка на општината во креирањето или ревидирањето на актите и одлуките кои го уредуваат формирањето и работата на ЛМС;

-Распишување повик за Конститутивното локално собрание на млади во согласност со Статутот на општина Радовиш по принципот на јавност и транспарентност,

Соработка со општина Радовиш при организација и одржување на Конститутивното локално собрание за млади.

 

Во ИО може да членуваат младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територијата на општина Радовиш.

 

 

 

  1. Потребни документи за поднесување се:

Портфолио на  организацијата/групата/здружението;

Годишна програма за работа;

Извештај за активности со млади во изминатата година;

Писмо  со  номинација  за  член  во  Иницијативен  одбор  и  контакт-информации;

Кратка биографија со кратко мотивациско писмо од страна на номинираниот член.

 

 

 

III.Период за доставување на документите е 10 (десет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 20.06.2021 год.

Документите се поднесуваат на адреса :

ЕЛС општина Радовиш

Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш

или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш

Со назнака : За јавен повик бр.

 

 

 

 

                                               

10.06.2021 год.

ЕЛС општина Радовиш  Градоначалник: Герасим Конзулов