ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И АНКЕТА ПО ПРЕДЛОГ ПЛАН ЗА УПВНМ ЗА ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА ЗА ЛОКАЛИТЕТ „ДОЛНА РУДИНА“, КО ИЊЕВО
Дата
February 19, 2019
Категорија
Вести, Известување, Соопштенија
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог план за УПВНМ за лесна индустрија за локалитет „Долна Рудина“, КО Ињево-вон град, Општина Радовиш
Јавна презентација и јавна анкета се организира по Предлог план за УПВНМ за лесна индустрија за локалитет „Долна Рудина“, КО Ињево-вон град, Општина Радовиш. Опфатот е со површина од 9.27ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог УПВНМ за лесна индустрија за локалитет „Долна Рудина“, КО Ињево-вон град, Општина Радовиш, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на Мала Сала во Општина Радовиш.
Јавната анкета ќе трае пет(5) работни дена од 25.02 – 01.03.2019г, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.02.2019г. во 12:30ч, во просториите на Мала Сала во Општина Радовиш, Бул.“А.Македонски“ бр.7.
Во споменатиот рок субјектите од член32 од законот за просторно и урбанистичко планирање , како и сите заинтересирани физички и правни лица можат да достават забелешки и предлози по предлог планот на анкетни листови, во електронска форма преку системот е-урбанизам или во писмена форма.