ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА ЗА ДУП НА ОСУМ НАСЕЛЕНИ МЕСТА
Дата
February 20, 2015
Категорија
ВестиДенес во просториите на општина Радовиш се одржа Јавна презентација зa донесување на Урбанистички план за населените места Калаузлија, Аликоч, Тополница, Бучим, Смиљанци, Коџалија, Парналија како и за Долна рудина во површина од 9,26 ха.
Нацрт планот на Урбанистичкиот план за овие населени места беше истакнат во просториите на општина Радовиш (мала сала), каде што беше одржана и презентацијата.
Јавната анкета е 15 работни дена, а анкетните листови за учество на Јавната анкета можеа да ги добијат сите заинтересирани граѓани и правни лица, а плановите ќе бидат изложени до 27 февруари.
Во определениот рок заинтерисираните и правни лица можеа да достават писмени забелешки за Нацрт планот.
Вакви Јавни презентации беа одржани и во текот на изминатиот период за донесување и дополнување на ДУП за повеќе населени места и градот Радовиш.