ЈАВНА РАСПРАВА ПО ДЕТАЛНИТЕ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ ЗА НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА: АЛИКОЧ, БУЧИМ, ПРНАЛИЈА, КАЛАУЗЛИЈА, КОЏАЛИЈА, СМИЉАНЦИ, СУЛДУРЦИ И СУПУРЃЕ
Дата
April 18, 2019
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВо тек е јавна расправа по деталните урбанистички планови за населените места: Аликоч, Бучим, Прналија, Калаузлија, Коџалија, Смиљанци, Сулдурци и Супурѓе и истата трае до 25.04.2019 год.
Плановите се истакнати во салата за состаноци на Советот на општината и сите заинтересирани може своите забелешки да ги искажат преку анкетни листови кои се наоѓат во надлежните служби за урбанизам.
Исто така за индустриска зона “ Долна Рудина” планот ќе биде на увид до 30.04.2019 година.
Плановите беа објавени во два дневни весника Нова Македонија и Вечер.