ЈАРГУЛИЦА ДОБИ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ – УЛИЦИ ВО ДОЛЖИНА ОД 1361 МЕТРИ
Дата
June 16, 2015
Категорија
Вести, Реализирани ПроектиСе градат нови, се обновуваат стари улици. Градежната оператива е на терен. 2015 дефинитивно ќе биде одбележана како година на инвестиции во инфраструктурата.
Водени од потребата за унапредување на квалитетот на живот во руралните средини, Општина Радовиш дава посебен приоритет на обновување на патната инфраструктурата во населените места.
Во с.Јаргулица викендов се заврши со асфалтирањето на улици во должина од 1361 метри и ширина 8 метри, инвестиција вредна 11.500.000 денари обезбедени од буџетот на општина Радовиш.
Фирма изведувач на асфалтирањето на улиците е „Коле техника“ од Штип, а надзорен орган е „Еуро Консалтинг“ од Скопје.