ЈЗУ „ЗДРАВСТВЕН ДОМ“ РАДОВИШ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВСТВОТО
И ова година здравствените работници од Радовиш со свеченост го одбележаа светскиот ден на здравството
Со поздравно обраќање пред присутните гости директорот Јован Ристов им го честиташе денешниот празник на вработените и сите здравствени работници. Исто така беше искажана и огромна благодарност за сите реализирани и започнати инфраструктурни проекти, како и набавка на специјалистичките апарати на Градоначалникот Сашко Николов и Општина Радовиш. Благодарност беше искажана за добрата соработка и донациите, на менаџерскиот тим на Рудникот Бучим.
Градоначалникот Николов истакна дека секогаш ќе бидат поддржувани проектите и набавките на специјалистички апарати за ЈЗУ „Здравствен Дом“ Радовиш кои ќе бидат за потребите и во функција на сите граѓани во општината. Во изминатиот период заедно со ЈЗУ „Здравствен Дом“ Радовиш беа реализирани повеќе заеднички проекти: беше дониран современ ЕХО ЗД апарат, реконструирана и адаптирана зградата за Специјалистички дејности, обновена столаријата и фасадата за подобра енергетска ефикасност, а во завршна фаза е набавка на Мамограф.
Светскиот ден на здравството се одбележува секоја година на 7-ми април почнувајќи од 1948 година под покровителство на Светската здравствена организација.
Истиот се смета за ден на основање на Светската здравствена организација. На овој ден се привлекува вниманието на светската популација за одреден здравствен проблем на глобално ниво. Ова година тоа е проблемот со Дијабетесот, бројот на луѓе заболени од ова болест е во постојан пораст, а годинешнава порака на Светската здравствена организација е во насока дека со правилна исхрана и здрав начин на живот секој поединец може да го победи дијабетесот.
Дата
April 07, 2016