Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА
16681
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-16681,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА

Дата

August 23, 2019

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Радовиш, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 01.08.2019 година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “Наша Грижа-Наша Иднина”  за работно ангажирање од 20 (дваесет) часа неделно за период од 6 (шест) месеци до /9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани за 20 (дваесет) работни часови неделно.

За периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа“ истите не го губат статусот на невработено лице и истите се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовишсо  цел почитување на обврските согласно Закон. На невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

 

На кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање  во висина од 9.000,00 денари месечно , со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години

– лица корисници на право на парична помош од социјална заштита или корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

-лица кои биле корисници на Програмата условен паричен надоместок за средно образование

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-жртви на семејно насилство

– лица со попреченост

– жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници

-самохрани родители

– родители на деца со пречки во развојот

-родители на 3 и повеќе деца

-лица со незавршено средно или пониско образование

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

     -Образовни асистенти-1

     -Лични Асистенти-2

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 22.08.2019година до 28.08.2019 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиш и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш  кај лицето Офелија Илијева,  Центар за социјлна работа Радовиш кај лицето Нина Иванова

pdf-icon   ЈАВЕН ПОВИК

 

 

 

Градоначалник Герасим Конзулoв