„ДЕН НА ДРВОТО – ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА“
Дата
November 28, 2014
Категорија
ВестиВо среда 3 декември ќе биде спроведена акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“, со што низ цела Македонија ќе бидат организирани акции за пошумување.
Акцијата за озеленување на Македонија за прв пат беше спроведена на 12-ти март, 2008 година. Во 2008 година беа засадени 2560 хектари, 2009 година нови 3.915 хектари, 2010 година 2017 хектари, и во 2011 година на пролетната акција беа засадени 744 хектари.
Дополнително преку редовната програма за Проширена репродукција на шумите во периодот од крајот на 2006 до 2010 година беа засадени вкупно 3000 хектари.
Најреномираните светски медиуми Франспрес, Ројтерс, Ксин хуан, Би-Би-Си и други, со восхит известуваа за акцијата – Ден на дрвото. Со тоа акцијата Ден на дрвото и донесе меѓународна афирмација на Република Македонија.
Седум години последователно со пролетната и есенската акција Ден на дрвото, Македонија обновувајки го шумскиот фонд, се заштитува од природни катастрофи.