ПРИЕМ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД НАСЕЛЕНОТО МЕСТО КОЏАЛИЈА
Дата
April 27, 2018
Категорија
ВестиГрадоначалникот Герасим Конзулов вчера оствари прием и средба со дечињата и нивните ментори од с. Коџалија кои учествуваа на фестивал во Република Турција.
По повод на 23-ти Април-Ден на детето, подрачното основно училиште при ООУ „Крсте П. Мисирков“- с.Коџалија беше покането да учествува на фестивалот на детето во градот Шанли Урфа во Турција. На овој фестивал учествува 10 ученика од ООУ„Крсте П. Мисирков“ под менторство на наставниците Исмаил Куртов и Јилмаз Шерифов, од 19-ти до 24-ти Април.
Како подрачно училиште беше претставен градот Радовиш и Република Македонија со фолклорна традиција. Програмата и настапите беа организирани на Плоштадот Рабиа, а учествуваа дечиња со своите ансамбли од Грузија, Кипар, Азебреџан, Македонија, Романија, Босна и Херцеговина, Косово, Киргистан, Албанија, Бугарија и др.