„САНОЌ СЕДАМ“ – ФЕСТИВАЛ НА СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ
Дата
August 22, 2016
Категорија
Вести, КултураНа плоштадот Св. Спасо Радовишки вечерва се одржа традиционалниот фестивал на староградски серенадни песни „Саноќ Седам“ на кој настапија голем број на ансамбли .
И покрај неповолните временски услови, радовишани имаа можност да слушнат прекрасни серенадни песни со прекрасната изведба на ансамблите кои беа гости на нашиот ансамбл „Распеани радовишани“.
Овој традиционален фестивал кој се одржува секоја година е во во склоп на програмата на празникот Св. „Спасо Радовишки“.