АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ
Дата
May 03, 2018
Категорија
Вести, Известување, Соопштенија,,На ден 23.04.2018 г. околу 16 часот, во место викано Долна Рудина, во близина на река Сушица, од страна на комуналната редарска служба при општина Радовиш, на лице место е затекнато лицето со иницијали А.И. како фрла одпад од градежен шут на несоодветно место спротивно на чл. 24-а од Законот за управување со отпад.
За извршеното дејствие, против лицето А.И. е поведена соодветна прекршочна постапка односно издадено покана –платен налог за наплата на глоба за сторен прекршок во висина од 70 евра во денарска противредност“
АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ:
Сите граѓани на општина Радовиш, кои поседуваат и/или имаат намера да отфрлат отпад, кој не е од комунален карактер и нема употребна вредност, да се обратат до ЈПКД Плаваја Радовиш за понатамошно соодветно постапување со истиот (градежен шут). Апелираме, граѓаните да не го напуштаат, одлагаат, депонираат, фрлаат, создадениот отпад на несоодветни места (во природа, покрај води, покрај патишта) за да ја зачување околината. Против сите оние сторители, кои ќе извршат и/или затекнат во извршување на такво дејствие ќе биде поведена соодветна прекршочна постапка.
Општина Радовиш
Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат