Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ПРАВИЛНИК ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПРОТИВПОЖАРНИОТ ВОД ВО ОПШТИНА РАДОВИШ
14688
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-14688,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ПРАВИЛНИК ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА КАНДИДАТИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПРОТИВПОЖАРНИОТ ВОД ВО ОПШТИНА РАДОВИШ

Дата

July 23, 2018

Категорија

Известување, Соопштенија

Согласно член 11 став 9 од Законот за пожарникарството (Сл. весник на РМ бр. 67/04,81/07,55/13,158/14,193/15 и 39/16), Градоначалникот на општина Радовиш,донесува:

                                      П Р А В И Л Н И К

 за селекција на кандидати за вработување  во  Противпожарниот Вод во Општина Радовиш

 

                                          член 1

Со овој Правилник се уредува начинот на селекција на кандидатите за вработување во Противпожарниот Вод во Општина Радовиш и бодувањето на различните фази на селекцијата.

                                         член 2

Постапката за селекција се спроведува во две фази и тоа проверка на пријавата и доказите (прва фаза)и интервју(втора фаза).

                                         член 3

 -Во првата фаза , Комисијата за селекција формирана со посебно решение од страна на Градоначалникот  во рок од 8 (осум) дена од истекот на рокот за пријавување на јавниот оглас врши проверка дали кандидатите ги доставиле задолжителните докази за исполнување на условите од огласот и составува записник во кој се констатира кои кандидати ги доставиле а кои кандидати не ги доставиле задолжителните докази при што  Комисијата постапува согласно Законот за вработените во јавниот сектор .

-Во првата фаза од селекцијата на кандидатите се врши евалуација/вреднување на формалното образование,неформалното образование и работното искуство на следниот начин:

-за средно образование се доделуваат 2 бода;

-за вишо образование се доделуваат  2,5 бода;

-за неформално (високо образование) се доделуваат 3 бода;

-за работно искуство за исполнување на пропишаниот минимум се доделуваат 2 бода;

-за работно искуство над пропишаниот минимум по 0,25 бода за секои 5 години а најмноги дополнителни 1,25 бода.

-Сите кандидати кои ги доставиле задолжителните докази се квалификуваат во втората фаза на селекцијата а оние кандидати кои не ги доставиле задолжителните докази се дисквалификуваат од понатамошна селекција.

-Доколку Комисијата за селекција се посомнева во веродостојноста на некој доказ истата доставува барање до соодветниот орган односно институција за дополнителна проверка  на доказите.

pdf-icon (Погледни или превземи)

Правилник за селекција на кандидати за вработување во Противпожарниот Вод во Општина Радовиш