ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПРЕДЛОГ ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ НА ГРАЃАНИТЕ
Дата
January 31, 2020
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на чл. 2, ст.4, ст.6, ст.7, ст.8 и ст. 9, чл. 21, чл. 22, чл.36, чл.50 од Законот за локална самоуправа (Службен весник бр.5/ 2002), потоа чл. 14, чл.15, чл.16, чл.17, чл.21, чл.43, чл.53 и чл.55 од Статутот на Општина Радовиш (Службен гласник на Општина Радовиш бр.07-765/1 /2002), Одлука бр.09-192/1 од 29.01.2020 година, Градоначалникот на Општина Радовиш објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање на предлог проекти од јавен интерес за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните од областа на локален економски развој, заштита на животната средина, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, социјална кохезија, образование и култура од здруженија на граѓани и фондации од Општина Радовиш во согласност со стратешките и програмските документи на општината, финансирани од буџетот на Општина Радовиш за 2020 година.
Финансиските средства предвидени во буџетот на Општина Радовиш за 2020 година, во програмата G1 за вклучување на проекти од стратешки локален развој изнесувааат 1.100.000 денари. Истите ќе бидат распределени по доставен и одобрен предлог проект на здруженија на граѓани и фондации, на следниот начин:
- 000 денари за реализација на проектни активности поврзани со сите стратешки програми и документи;
- 000 денари за реализација на делови од донесените стратегии за развој на туризмот, за подршка на мали и средни претпријатија и вработување и Зелена Агенда во општина Радовиш.
Право на учество
Субјекти кои имаат право да конкурираат со свои предлог проекти се здруженија и фондации со седиште во Општина Радовиш.
Основни критериуми
Корисниците да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации;
- Корисниците своите предлог проекти да ги реализираат на територијата на Општина Радовиш;
- Реализацијата на проектните активности да биде во согласност со Уставот и Законите во Република Македонија;
Посебни критериуми
Предлог проектите да кореспондираат со стратешките документи на Општина Радовиш и да биде наведено во самиот предлог проект за која стратешка цел и документ се однесува;
- Доделените средства исклучиво да се користат за намената предвидена во предлог проектот во согласност со зададената временска рамка;
Времетраење
Предвидениот период за реализација на проектните активности да биде до 10 декември 2020 година.
Продолжување на предвидениот период за реализација на проектните активности може да биде дозволено само во случај на поднесување на писмено барање, со соодветно образложение за оправданоста на истото.
Потребни документи за аплицирање:
Пополнет апликационен формулар/предлог проект (еден примерок во оригинал и две копии), кој може да се добие на веб страната на Општина Радовиш – radovis.gov.mk или во одделението за локален економски развој во ЕЛС Радовиш.
- Копија од решението за упис во регистарот на здруженија и граѓани
- Профил на правното лице со референтна листа на досегашни реализирани проекти
- Годишна програма на активности за 2015 година
- Извештај за евентуално добиени средства од Општина Радовиш за 2014 година
- Електронска верзија на апликациониот формулар / предлог проект во ЦД
- Изјава дека со реализацијата на грантот тој нема да остварува профит и средствата нема да ги користи спротивно на уставот и Законите на Република Македонија, заверена кај нотар.
Забелешка:
Доставената апликација / предлог проект задолжително треба да биде пополнета со печатни букви со кирилско писмо, потпишана од застапникот на правното лице и заверена со печат на Здружението на граѓани или фондацијата.
Општина Радовиш го задржува правото на корегирање на буџетот на поднесениот предлог проект.
Рокови:
Проектната документација се доставува преку пошта(препорачано) или лично на адреса:
По пошта:
Општина Радовиш
Одделение за локален економски развој
Бул.Александар Македонски бб
2420 Радовиш
Лично:
Во архива на Општина Радовиш
Краен рок за поднесување на предлог проектната документација е 30 дена од објавувањето на јавниот оглас од 03.02.2020, и завршува заклучно до 03.03.2020 година до 15,00 часот.
На пликот во горниот лев агол треба да стои “Не отварај“ а на долниот десен агол “За јавен повик за здруженија за граѓани – Општина Радовиш“.
Напомена: Непотполните апликации и апликациите кои се пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат. Доставените апликации не се враќаат.
Подносителите на предлог проектните апликации, по јавниот оглас, ќе бидат известени во рок од 30 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средствата од буџетот на Општина Радовиш за 2020 година.
Лице за контакт:
Лазар Газепов – Советник
Општина Радовиш
Одделение за локален економски развој
E-mail: ler.radovis@radovis.gov.mk