JАВЕН КОНКУРС ЗА РАСПРЕДЕЛБА НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ЗА 2021 ГОД.
Дата
March 17, 2021
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 22 став 1 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на Р.М. бр. 05/02), член 15 став 1 од Статутот на општина Радовиш (Сл. гласник на општина Радовиш бр. 05/02) а согласно донесената годишна Програма за активности од областа на културата во општина Радовиш бр.08-1476/2 од 24.12.2020 год. и донесениот Буџет за 2020 година, од страна на Советот на општина Радовиш, општина Радовиш на ден 17.03.2021 год. објавува :
JАВЕН КОНКУРС
за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш
на здруженија на граѓани од областа на културата за 2021 год.
I.Се распишува јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од областа на културата од општина Радовиш за 2021 година ;
II.Потребни документи за поднесување се :
– Програма за работа со финансиски план за 2021 год. (усвоен од Управен одбор);
Напомена: Заради сеуште актуелната ситуација со пандемијата од Covid 19 и намалените предвидени програмски активности, приоритет ќе биде даден на проекти за набавка на опрема и инвентар, одржување на простории и подобрување на услови за работа, издаваштво и публикации и сл.
– Финансиски извештај за потрошените средства добиени од ЕЛС општина Радовиш во текот на 2020 година (усвоен од Управен одбор);
– Тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци);
– Kопија од завршна сметка (доколку имат приход поголем од 2,500€) или Одлука од Цент.регистар на Р.С.М. (доколку год. приход е помал од 2,500€);
– Потврда за отворена и активна жиро сметка.
III.Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот конкурс, заклучно со 23.03.2021 год.
Пријавите се поднесуваат на адреса :
ЕЛС општина Радовиш
Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш
или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш
Со назнака : За јавен конкурс бр.
Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.