Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПOВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА
18239
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-18239,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПOВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА

Дата

August 04, 2021

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Радовиш, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден -04.08.2021 -година се објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “НАШИ СОГРАЃАНИ НАША ГРИЖА -”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

 

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)          

-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години

невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19

-лица корисници на гарантирана минимална помош

-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-жртви на семејно насилство

-лица со попреченост

-жени припадници на ромската етничка заедница и  на останатите етничките заедници

– лица припадници на ромската етничка заедница

самохрани родители

родители на деца со пречки во развојот

-родители на 3 и повеќе деца

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

  •  2 образовни асистенти,
  •  2 негуватели во градинка,
  • 15 негуватели за стари лица и
  • 1 аниматор во Дневен центар ПОРАКА за деца со попреченост

 

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 04.08.2021 -година до 13.08.2021- година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Р адовиш и избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев , Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш  кај лицето Стојан Лазарев ,  Центар за социјлна работа  Радовиш  кај лицето Драги Димитриев