19 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН
Градоначалникот на општина Радовиш Сашко Николов денес беше домаќин на деветнаесета седница на Совет за развој на Југоисточниот плански регион.
Седницата се одржа во салата на Советот на општина Радовиш, на истата Градоначалниците од општините од нашиот регион работеа по дванаесет точки од дневниот ред.
Беа донесени значајни одлуки поврзани со спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2016 година.
Градоначалниците донесоа неколку одлуки за подготовка и спроведување на проекти меѓу кои: „Размислуваме за компостирање-Посветени на одржувањето на органскиот синџир„; „Прекуграничен систем за спречување од природни и од човекот предизвикани катастрофи“, а беа информирани и за Првиот повик за новата Транснационална Програма Балкан-Медитеран 2014-2020 година.
Дата
February 12, 2016