РЕШЕНИЕ СЕ ОДОБРУВА ПРОЕКТНА ПРОГРАМА СО БРОЈ НА ПОСТАПКА: 40167 ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАДБА СО НАМЕНА Е1.13
Дата
March 15, 2022
Категорија
Вести, Известување, СоопштенијаВрз основа на член 44, став 7 од законот за Урбанистаичко планирање (Сл. Весник Бр. 32/2020) Градоначалникот на општина Радовиш по доставен предлог за одобрување на Планска програма, Ви доставува предлог за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – фотоволтаична електрана на КП бр. 228/2, 228/1 229, 230, 241, 242, 358, 360, 359, 377, 376, 371, и 361, КО Ињево вон гр, општина Радовиш, од
нарачател: Живко Атанасов од Радовиш.
По предлог за одобрување на Планската програма од страна на Комисијата за урбанизам, Градоначалникот го донесува следното:
РЕШЕНИЕ
СЕ ОДОБРУВА Проектна Програма со број на постапка: 40167 за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – фотоволтаична електрана на КП бр. 228/2, 228/1 229, 230, 241, 242, 358, 360, 359, 377, 376, 371, и 361, КО Ињево вон гр, општина Радовиш, со тех. бр. 052-0912/2021 од 12/2021, изработена од ДПГИА ,,ВЕКТОР 90,, Томе ДООЕЛ Струмица.
ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
До општина Радовиш доставено е барање за одобрување на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – фотоволтаична електрана на КП бр. 228/2, 228/1 229, 230, 241, 242, 358, 360, 359, 377, 376, 371, и 361, КО Ињево вон гр, општина Радовиш, за потребите на нарачателот: Живко Атанасов од Радовиш.
Во прилог на барањето е доставено:
Планска Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – фотоволтаична електрана на КП бр. 228/2, 228/1 229, 230, 241, 242, 358, 360, 359, 377, 376, 371, и 361. КО Ињево вон гр, општина Радовиш, со тех. бр. 052-0912/2021 од 12/2021, изработена од ДПГИА ,,ВЕКТОР 90,, Томе ДООЕЛ Струмица.
Ажурирана подлога со граница на плански опфат.
Полномошно
Од страна на Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на општина Радовиш, со Решение бр.09 – 232/1 од 01.02.2022год. беше разгледана доставената документација за изработка на Проектна Програма за изработка на Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за градба со намена Е1.13 – фотоволтаична електрана на КП бр. 228/2, 228/1 229, 230, 241, 242, 358, 360, 359, 377, 376, 371, и 361, КО Ињево вон гр, општина Радовиш.
Проектна Програма е потпишана и доставена до Градоначалникот со Предлог за одобрување на Планска Програма бр. 26-350/1 од 18.02.2022 год.
Врз основа на горе наведеното Градоначалникот одлучи како во диспозитивот на оваа Решение.
Упатство за правно сртедство: Против ова решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, преку овој орган до министерот кој раководи со органот на државната управа надлажен за вршење на работите од областа на уредување на просторот.
Жалбата се таксира со 250,00 ден.административни такси.
Доставено до
Барател
Архива