If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | ЈАВЕН ПОВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА
19301
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-19301,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

ЈАВЕН ПОВИК ДО ЕВИДЕНТИРАНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА ОПШТИНСКО – КОРИСНА РАБОТА

Дата

June 06, 2022

Категорија

Вести, Известување, Соопштенија

 

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување, и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Радовиш во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година усвоен од Владата Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на, на ден 06.06.2022 година се објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

 

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  Хуманост -Предизвик”  за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработувањеРадовиш

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/ 9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .

 

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

 

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со

предност на невработени лица над 5 години)

-млади лица до 29 години

-лица постари од 50 години

невработенилицанакоиимпрестаналработниотодносвопериодотнаКоронавирусот COVID -19

-лица корисници на гарантирана минимална помош

-лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност

-лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа

-жртви на семејно насилство

-лица со попреченост

– лица припадници на ромската етничка заедница

самохрани родители

родители на деца со пречки во развојот

-родители на 3 и повеќе деца

-лица со незавршено средно или пониско образование

 

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: ______Личен Асистент___________

Позиции за работно место 1:_3-три __

 

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: (ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера),

Работно место 2: Негувател

Позиции за работно место 2:____5-пет __

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено високо образование од социјалната сфера

Работно место 3: ______Соработник за посета__

Позиции за работно место 3:___14– четирнаесет

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено

Работно место 4: ______ Лица за поддршка на слепи лица__

Позиции за работно место 4:___3-три

Потребни квалификации и занимања за Работно место 4: ССС или ВСС – Општествени и хуманистички науки (предност би имале невработените лица со завршено

 

 

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш во периодот од 06.06.2022 година до 13.06.2022 година, од 08:00 до 14:00 часот.

 

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Радовиши избраните кандидати.

 

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Радовиш кај лицето Роберт Донев, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Радовиш-  кај лицето Стојан Лазаров,  Центар за социјлна работа Радовиш  кај лицето Александар Филев