23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Дата
October 23, 2014
Категорија
ВестиПо повод 22 октомври денот кога беше запален градот Радовиш од страна на фашистичкиот окупатор во 1944 година денес беше одадена почит на Споменикот на загинатите жртви и беше положено свежо цвеќе од голем број на делегации.
Исто така по повод празнувањето на утрешниот празник 23-ти октомври Денот на Македонската револуционерна борба, беше положено свежо цвеќе и одадена почит на споменикот на Гоце Делчев во паркот на младите во Радовиш.
Свежо цвеќе положи Градоначалникот на општина Радовиш г-дин Сашко Николов со својата делегација, делегација на Советот на општина Радовиш, делегации на здруженијата на Борците и пензионерите од општина Радовиш, делегации на политичките партии, и делагација на навивачката група Лебари.