If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | 41. КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ
9436
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-9436,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

41. КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ

Дата

November 14, 2014

Категорија

Вести

Во знак на чествување на македонскиот поет и револуционер, нашиот сограѓанин Ацо Караманов, почнувајки од петок (14.11.2014 год.) во ОУ Браќа Миладиновци и Центарот за култура Ацо Караманов во Радовиш ќе се одржат традиционалните 41. Караманови поетски средби.

 

На овие средби свое присуство имат најавено истакнати македонски поети од повеќе генерации.

Љубителите на поетскиот збор на оваа средба ќе имаат можност да го проследат настапот на Славе Ѓорѓо Димоски, Раде Силјан, Ресул Шабани, Елена Пренџова, Стојан Тарапуза, Делвина Керлуку, Веле Смилевски, Виолета Танчева Златева, Бранко Цветкоски, Борче Панов, Игор Крајчев, Трајче Кацаров, Кочо Топузоски, Марина Мијаковска и Христо Петрески.

 

На отворањето на средбата ќе зборуваат претседателот на Советот на манифестацијата Караманови средби, Борче Панов, и претседателот на ДПМ, Веле Смилевски.

 

 

Овие традиционални Караманови поетски средби се во организација на Советот Караманови средби, во соработка со ОУ Браќа Миладиновци и Центарот за култура Ацо Караманов, а под покровителство на Општина Радовиш, Градоначалникот Сашко Николов и Министерството за култура на Република Македонија.

 

 

 

 

ПРОГРАМА за 41 Караманови Средби

 

14.11.2014 год. Петок

 

12:00 ч. – Шарените писма помеѓу Виолета Т.Златева , Ацо Караманов и децата

ОУ Народна Библиотека „ Браќа Миладиновци “

15:00 ч. – Пристигнање на меѓународни гости – учесници на Караманови средби

18:00 ч. – Промоција на поетската книга „ Вдах “ од поетот Борче Панов

Хотел „ Бел Камен “ – планина Плачковица

19:30 ч. – Музичко – поетски маратон – Хотел „ Бел Камен “ – прв ден

 

15.11.2014 год. Сабота

 

10:00 ч. – Пристигање на учесниците на Караманови средби од Р.Македонија

11:00 ч. – Поетски портрет на поетот Славе Ѓорго Димоски со осврт на неговото творештво

од Бранко Цветковски , ОУ Народна Библиотека „ Браќа Миладиновци “

12:00 ч. – Претставување на поетите – гости од Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора

ОУ Народна Библиотека „ Браќа Миладиновци “

18:30 ч. – Програма во ОУ Центар за култура „ Ацо Караманов “ :

Ликовна изложба „ Номадите доаѓаат од хоризонтот “ на уметникот

Leetiv Namaglanchivin од Монголија

Поетско – музички перформанс за Ацо Караманов „ Тонови на големиот копнеж “

на Поетско студио „ Кралџиџе “ и Пламенка Трајковска – виолина

Свечено отварање на 41 Караманови средби – поздравни обраќања

Поетски караван на Друштвото на писателите на Македонија „ Поетски мозаик “

Доделување на наградата „ Караманов 2014 “

21:30 ч. – Музичко – поетски караван „ Бел Камен “ – втор ден

 

16.11.2014 год. Недела

 

10:00 ч. – Трибина „ Фрагмети и книжевност “ – Југоисточна Европа и литература

Модератори : Маријан Гракалиќ и Немања Ротар

12:00 ч. – Заминување на гостите и учесниците на 41 Караманови средби