If you decide to buy essay from us you can be sure, that the materials used by the writer and referred to in the reference list, are absolutely reliable and taken from scientific sources.

Архива
Временска прогноза
logo
Општина Радовиш | 46-те КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 22,23 И 24 НОЕМВРИ ВО РАДОВИШ
17066
portfolio_page-template-default,single,single-portfolio_page,postid-17066,ajax_updown,page_not_loaded,smooth_scroll,boxed,,wpb-js-composer js-comp-ver-3.6.12,vc_responsive

46-те КАРАМАНОВИ ПОЕТСКИ СРЕДБИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 22,23 И 24 НОЕМВРИ ВО РАДОВИШ

Дата

November 19, 2019

Категорија

Вести

Радовиш,- Организациониот одбор на Карамановите средби објавува дека овогодишната манифестација ќе се одржи во деновите од петок, сабота и недела (22 до 24 ноември) во Радовиш. Карамановите средби оваа година се организираат во знакот на големиот јубилеј „1000 години Радовиш.“

Добитник на главаната награда е големиот европски и светски поет Хусто Хорхе Падрон кој ќе биде претставен од страна на познатата македонска писателка и критичар – проф. Д-р Кристина Николовска.

 

Во склоп на програмата ќе бидат доделени три награди:

  1. Европска награда награда за поезија „Ацо Караманов„ која годинава му се доделува на големиот шпански и светски поет Хусто Хорхе Падрон
  2. Балканска награда за поезија „Ацо Караманов„ која ја добива хрватскиот поет Валерио Орлиќ за поетската книга „Обележувам ѕвезди„ и
  3. Наградата „Караманов„ за најдобра книга од македонски автор која годинава ја добива Даниела Андоновска Трајковска за книгата „Електронска крв„.

Двете наградени поетски книги: „Обележувам ѕвезди„ од Валерио Орлиќ и „Електронска крв„ од Даниела Андоновска Трајковска се објавени во едицијата „Караманов„ којашто пред дваесет години беше покрената од страна на претседателот на Карамановите средби – Борче Панов.Во чест на овој јубилејот 100 години Радовиш, во рамките на 46 Карманови средби ќе се случи праизведбата на кантатата „Радовидение„ за која музиката ја напиша големиот македонски композитор Стојан Стојков, а стиховите познатиот македонски поет Борче Панов.

Годинава ќе бидат промовирани и три поетски книги:

  1. Промоцијата на најновата поетска книга „Бакнежот на судбината„ од еминентниот македонски поет Раде Силјан. Во рамките на оваа промоција, за поетскиот опус на Раде Силјан ќе зборуваат Паскал Гилевски и Љубинка Донева
  2. Промоцијата на најновата поетска книга „Дождови – 90 песни„ од култниот современ македонски поет Матеја Матевски. Девеесте песни овде се симболичен израз на годините на возраста кои би ги имал од Матеја Матевски доколку беше жив до денот на објавувањето на оваа книга. За делото на Матевски, во рамките на оваа промоција – омаж  за поетскиот опус на Матеја Матевски ќе зборува приредувачот на оваа книга и уредник  – Раде Силјан.
  3. Промоцијата на наградената поетска книга на хрватскиот поет Валерио Орлиќ „Обележувам ѕвезди“ со Балканската награда за поезија „Ацо Караманов“. За оваа книга ќе зборува Борче Панов.

Мултумедијалниот карактер на оваа престижна книжевна манифестација годинава ќе биде збогатена и облагородена со отворањето на Изложбата на познатиот македонски сликар Ниче Василев за која ќе зборува писателот Борче Панов, како и со кореографијата „Перон“ од страна на кореографот Изабела Ангелова и Балетското студио „Газели“.

 

ПРОГРАМА

22 ноември – петок – Центар за култура Ацо Караманов

 

18, 00 ч. Изложба на академскиот сликар Ниче Василев

изложбата ќе ја отвори писателот Борче Панов

 

18, 15 час. Пслам за м-лле Лили  и кореографијата „Перон„

со балетско студио Газели – кореограф Изабела Ангелова

 

18,30 ч. Свечено отворање на 46 Караманови поетски средби –

градоначалник – Герасим Конзулов

 

18,45 ч.  Беседа за Ацо Караманов – Стојан Тарапуза

19, 00 ч.   Книжевен потрет на познатиот шпански и светски поет – Хусто Хорхе Падрон

20, 00 ч. Праизведба на кантатата „Радовидение„ по  повод „1000 години Радовиш„ , музика: Стојан Стојков, стихови : Борче Панов

 

23 ноември – сабота – ОНБ Браќа Миладиновци – Радовиш

11,00 ч. Поетски портрет на  еминентниот македонски поет Раде Силјан.

За поетскиот опус на Раде Силјан ќе зборуваат  Паскал Гилевски и Љубинка Донева;

 

11, 30 ч. Поетски портрет на поетот Валерио Орлиќ добитник на Балканската награда за поезија Ацо Караманов .За наградената поетска книга „Обележувам ѕвезди„  ќе зборува писателот Борче Панов;

 

18, 00 ч. Центар за култура Ацо Караманов – Радовиш

Поетски меридијани – настап на поетите учесници на 46 караманови поетски средби;Доделување на  Балканската награда за поезија „Ацо Караманов„ на поетот од Хрватска – Валерио Орлиќ;Доделување на наградата „Караманов„  за  најдобра поетска книга од македонски автор.

 

24 ноември – недела – ОНБ Ацо Караманов Радовиш

11,00 ч. Омаж за големиот македонски поет Матеја Матевски; промоција на книгата „Дождови – 90 песни„.За книгата ќе зборува авторот на изборот и поговорот за оваа книга – Раде Силјан.

17, 30 ч. ОНБ Браќа Миладиновци Радовиш

Поетски меридијани за најмладите – средба на поетите од Шпанија,  Полска, Турција, Монголија, Хрватска, Србија и Црна Гора со младите поети од Радовиш.