49. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ
Од денес Советот на општина Радовиш со нов член- Павлина Арсова која влегува во составот на Советот од советничката листа на опозицијата.
На денешната седница на Советот на општина Радовиш свечена заклетва пред присутните даде новиот член на Советот на општина Радовиш Павлина Арсова, по што советниците ја започнаа расправата по вкупно 45 точки од дневниот ред.
Главен акцент на денешната седница беше ставен на донесување на Одлуки со кои се дава согласност во идна урбанистичко-планска документација за повеќе катастарски општини да се изврши вклопување во плански опфат на бесправно изградени објекти.
Беа усвоени извештаите за реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, одржување на комунални објекти и локални патишта за 2015 година, како и извештајот за работата на ТППЕ-Радовиш за првиот квартал од 2016 година, како и дел други точки. Седницата беше завршена со усвојување на извештаите од работните тела на Советот на општина Радовиш.
Дата
May 18, 2016