7000 ПЕНЗИОНЕРИ СЕ ДРУЖЕА НА МАНАСТИРОТ СВ. ЃЕОРГИ ВО ОРАОВИЦА
Дата
July 25, 2016
Категорија
ВестиНајмасовното дружење досега на пензионерите од цела Македонија на Ораовичко манастирче
Манастирот Св.„Ѓеорѓи Великомаченик“ кај село Ораовица и ова година традиционално беше место каде над 7000 пензионери од цела Македонија беа гости на домаќинот организатор Здружението на пензионери на општините Радовиш и Конче.
Забава, дружење и оро, потсетување на стари познанства и пријателства од страна на сите присутни. Претседателот на Здружението Јордан Костадиновски е задоволен од организацијата и од годинешната посетеност.
На средбата беше присутен и градоначалникот Сашко Николов кој изрази задоволство и упати пофални зборови кон организаторот, спомнувајќи притоа дека ова е одлична можност локалитетот Ораовичко манстирче да стане позната туристичка локација, место кое треба задолжително да се посети и да се видат неговите убавини.