ЗАВРШИ ПРВАТА СЕЗОНА 2013/14 ОД ВОЗОБНОВЕНАТА ОПШТИНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА
Категорија
Реализирани Проекти, СпортВчера на градскиот стадион во Радовиш со два ревијални натпревари и прогласување на шампионите во оваа натпреварувачка сезона 2013/14 заврши Општинската фудбалска лига.
Оваа општинска фудбалска лига после 15 години беше возобновена со подршка од страна на општина Радовиш и Градоначалникот г-дин. Сашко Николов.
Во сезоната 2013/14 година учествуваа шест екипи од општината а целосните трошоци беа покриени од страна на општина Радовиш – сите екипи добија опрема, трошоците за судиите и делегатите беа покриени од страна на општината, како и инвестирањето во оградувањето на сите игралишта каде што се играа натпреварите.
Во оваа сезона најдобри беа фудбалерите од екипата на ФК Извор од Калуѓерица, каде што после ревијалниот натпревар им беше врачен пехарот од страна на Градоначалникот на општина Радовиш г-дин. Сашко Николов. Најдобар стрелец во лигата беше Донев Милан исто така од екипата на ФК Извор од Калуѓерица, додека признание за фер-плеј доби екипата на ФК Плачковица со најмалку добиени картони.